Курс за дигитален маркетинг и AI алатки
Научи како функционира современиот маркетинг и како да креираш стратегии, содржина и реклами што носат резултати. Овој курс е наменет за сите кои сакаат да научат дигитален маркетинг од практична перспектива – со реални примери и алатки што се користат во компаниите.
Дали си спремен да започнеш нешто ново?
Пополни ја формата и нашиот тим ќе те контактира во рок од 24 часа.
📅 Почеток: септември
💰 Цена: 27.000 ден. - (физичко присуство)
💰 Цена: 18.000 ден. - (онлајн)
⏳ Времетраење: 3 месеци / 50 часа
🎓 Сертификат: Електронски сертификат за успешно завршен курс
📍 Настава: Онлајн или во канцеларијата во Битола
Што ќе научиш?
• Ќе разбереш како функционира дигиталниот маркетинг и како се гради стратегија што носи резултати
• Ќе научиш како да креираш содржина за социјални мрежи што привлекува внимание и гради бренд
• Ќе знаеш како да планираш и организираш content calendar наместо да објавуваш хаотично
• Ќе разбереш како функционира Google пребарување и како да бидеш видлив со SEO
• Ќе научиш како работат Meta и Google реклами и како да ги користиш за раст на бизнис
• Ќе користиш AI алатки за идеи, текст и оптимизација на маркетинг активности
• На крај, ќе имаш јасна стратегија и конкретен план што можеш веднаш да го примениш

Запознај ја инструкторката
м-р Наташа Кузман
Експерт за дигитална трансформација
Наташа е експерт за дигитална трансформација, маркетинг и стратегија, со 18 години искуство во индустријата и работа со интернационални компании и брендови. Со професионална кариера изградена во Лондон, Наташа има водено комплексни дигитални проекти за компании како Херц, Дејли Мејл, Бритиш Ервејс и Британски Црвен Крст, управувајќи стратегии, тимови и дигитални платформи на глобално ниво.
Таа е основач на Иновио, агенција со интернационален тим специјализирана за дигитална трансформација, маркетинг стратегии, имплементација на вештачка интелигенција и развој на дигитални системи за компании од различни индустрии.

Пријавете се и започнете со градење на кариера во дигиталниот свет. Резервирај го твоето место тука.
Успешно реализирани проекти
Над 10 години присуство на пазарот, успешно реализирани проекти и голем број задоволни клиенти кои континуирано ни ја укажуваат својата доверба. Затоа решивме да го пренесеме знаењето и искуството што секојдневно го применуваме преку курсеви и обуки што се практични, јасни и директно применливи.
Ресторани и забава








Убавина и мода








Здравство и фитнес








Недвижности




Автомобилска индустрија




