Курс за 3D визуелизација и рендирање
Научи како да креираш професионални 3D модели и реалистични рендери со 3ds Max + Corona Renderer, што се користат во архитектура, ентериер дизајн и дигитална визуелизација. Овој курс е наменет за сите кои сакаат да влезат во светот на 3D визуелизацијата и да стекнат практични вештини што веднаш може да ги применат во портфолио, работа или freelance проекти.
Дали си спремен да започнеш нешто ново?
Пополни ја формата и нашиот тим ќе те контактира во рок од 24 часа.
📅 Почеток: мај
💰 Цена: 30.000 ден.
⏳ Времетраење: 3 месеци / 50 часа
🎓 Сертификат: Електронски сертификат за успешно завршен курс
📍 Настава: Онлајн и во канцеларијата во Битола
Што ќе научиш?
• Ќе се запознаеш со интерфејсот и основните алатки за работа во 3ds Max
• Ќе научиш како да креираш и едитираш 2D форми како основа за 3D моделирање
• Ќе разбереш како од 2D форми се создаваат 3D објекти и архитектонски елементи
• Ќе работиш со материјали, текстури и рефлексии за пореалистичен визуелен резултат
• Ќе научиш како правилно да поставиш светло, камера и композиција
• Ќе се запознаеш со Corona Renderer и ќе создадеш финален визуелен приказ
• На крај, ќе имаш практично знаење што можеш да го користиш за портфолио или работа

За кого е курсот и што следува по него
Овој курс е наменет за:
• почетници без претходно искуство
• студенти по архитектура и дизајн
• ентериер дизајнери
• креативци кои сакаат да работат со 3D
• сите кои сакаат да стекнат практична дигитална вештина
По завршување на курсот, ќе можеш да работиш како:
• 3D Designer
• Architectural Visualiser
• 3D Artist
• Freelancer
Запознај го инструкторот
Ферди Фејзулаи
Експерт за 3D визуелизација и рендирање
Ферди Фејзулаи е 3D артист со повеќе од 14 години професионално искуство во креирање висококвалитетни визуелизации, анимации и VR искуства.
Работи со клиенти од Европа и САД, со посебна експертиза во јахтинг и бродската индустрија, каде што прецизноста и визуелниот реализам се клучни.
Во текот на својата кариера, има реализирано бројни проекти за меѓународни компании, вклучувајќи HH Catamarans, Slyder Catamarans и Adventure Yachts, создавајќи фотореалистични 3D рендери и визуелни презентации за маркетинг и продажба.

Пријавете се и започнете со градење на кариера во дигиталниот свет. Резервирај го твоето место тука.
Успешно реализирани проекти






