Курс за UGC & AI Content Creator

Научи како да креираш содржина што привлекува внимание и продава на социјалните мрежи. Овој курс ги комбинира UGC (User Generated Content) принципите со современи AI алатки, со цел да научиш како брзо и ефикасно да создаваш видеа, постови и визуели што функционираат во реален маркетинг.

 
 

Дали си спремен да започнеш нешто ново?

Пополни ја формата и нашиот тим ќе те контактира во рок од 24 часа.

📅 Почеток: септември

💰 Цена: 6.000 ден.

⏳ Времетраење: 1 месец / 8 часа

🎓 Сертификат: Електронски сертификат за успешно завршен курс

📍 Настава: Онлајн или во канцеларијата во Битола

    Зошто те интересира курсот?

    Како дозна за нас?

    Доколку имате прашања, контактирајте нè на телефон или на Viber: 077 709 767.

     

    Што ќе научиш на курсот?

    • Ќе разбереш како функционира UGC и зошто брендовите го бараат

    • Ќе научиш како да снимаш видеа со телефон што изгледаат професионално

    • Ќе креираш содржина за Instagram, TikTok и други платформи

    • Ќе работиш со Canva и Capcut за брзо креирање визуели

    • Ќе научиш како да користиш AI алатки (ChatGPT и други) за идеи и текст

    • Ќе создаваш content план и ќе знаеш што да објавуваш

    • На крај, ќе имаш готови содржини што можеш веднаш да ги користиш

    Со силен фокус на практична работа, овој курс е дизајниран да им овозможи на учесниците да стекнат знаење што може веднаш да се примени во работа, бизнис или кариера.

     

    За кого е курсот и што следува по него

    Овој курс е наменет за:
    • почетници без претходно искуство
    • креативци и content creators
    • сопственици на бизниси
    • маркетинг ентузијасти и инфлуенсери
    • сите кои сакаат да стекнат практична дигитална вештина

    По завршување на курсот, ќе можеш да работиш како:
    • UGC Creator
    • Content Creator
    • Social Media Assistant
    • Freelancer

     

    Запознај ја инструкторката

    М-р Наташа Кузман

    Експерт за дигитална трансформација

    Наташа е експерт за дигитална трансформација, маркетинг и стратегија, со 18 години искуство во индустријата и работа со интернационални компании и брендови. Со професионална кариера изградена во Лондон, Наташа има водено комплексни дигитални проекти за компании како Херц, Дејли Мејл, Бритиш Ервејс и Британски Црвен Крст, управувајќи стратегии, тимови и дигитални платформи на глобално ниво.

    Таа е основач на Иновио, агенција со интернационален тим специјализирана за дигитална трансформација, маркетинг стратегии, имплементација на вештачка интелигенција и развој на дигитални системи за компании од различни индустрии.

    Ана Марија Чкламовска

    Експерт за Canva

    Креатор на дигитална содржина и визуелен стратег, дел од тимот на Иновио, со фокус на UGC, социјални мрежи и визуелна комуникација.

    Активно учествува во развој и реализација на едукативни програми и креативни проекти, каде што работи на креирање содржина, визуелни концепти и дигитални материјали што се користат во реални маркетинг проекти.

     
     

    Пријавете се и започнете со градење на кариера во дигиталниот свет. Резервирај го твоето место тука.

     

    Успешно реализирани проекти

    Над 10 години присуство на пазарот, успешно реализирани проекти и голем број задоволни клиенти кои континуирано ни ја укажуваат својата доверба. Затоа решивме да го пренесеме знаењето и искуството што секојдневно го применуваме преку курсеви и обуки што се практични, јасни и директно применливи.

    Ресторани и забава

    Убавина и мода

    Здравство и фитнес

    Недвижности

    Автомобилска индустрија