Подготовки по математика
Овој курс е наменет за ученици од средно образование кои се подготвуваат за полагање на државна матура по математика. Наставата е насочена кон систематско повторување на клучните математички теми, решавање задачи и подготовка за типот на прашања што се појавуваат на државната матура. Курсот комбинира теоретско објаснување и практично решавање задачи со индивидуален пристап, со цел учениците да стекнат сигурност и подобро разбирање на математичките концепти.
Дали си спремен да започнеш?
Пополни ја формата и нашиот тим ќе те контактира во рок од 24 часа.
📅 Почеток: мај
💰 Цена: 12.000 ден.
⏳ Времетраење: 3 месеци / 20 часа
📍 Локација: Наставата се одржува во канцеларијата во Битола
Што ќе научиш?
Овој курс е наменет за ученици од средно образование кои се подготвуваат за полагање на државна матура по математика.
Наставата е насочена кон систематско повторување на клучните математички теми, решавање задачи и подготовка за типот на прашања што се појавуваат на државната матура.
Курсот комбинира теоретско објаснување и практично решавање задачи, со цел учениците да стекнат сигурност и подобро разбирање на математичките концепти.
Целта на курсот е учениците да:
• ги повторат основните математички теми од средно образование
• стекнат сигурност во решавање задачи
• научат стратегии за решавање задачи на матура
• се подготват за типот на прашања на државната матура
• ја подобрат својата точност и брзина при решавање задачи

Запознај ја инструкторката
м-р Лидија Стефановска
Професор по математика
Лидија има повеќе од 30 години искуство во образование и подготовка на ученици за државна матура. Долгогодишен наставник во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, каде активно учествува во наставниот процес, образовни проекти и развој на наставни програми.
Во текот на својата кариера има работено со генерации ученици, со јасен и структуриран пристап насочен кон разбирање на математичките концепти и развивање логичко размислување. Има искуство како обучувач на наставници и учество во бројни образовни обуки и програми, како и ангажман како оценувач на тестови за државна матура по математика.
Под нејзино менторство, ученици имаат освоено бројни награди на општински, регионални и меѓународни натпревари по математика, што ја потврдува нејзината посветеност и квалитет во наставата.

